Чеферин не е задоволен од ВАР-системот: Првиот човек на УЕФА ќе прави промени!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Откако беше воведен ВАР-системот во фудбалот, тој предизвика серија на контроверзни ситуации на кои се жалеа многу клубови.

Посебно тоа се однесуваше на офсајд позициите, кога стануа збор за милиметри поради кои се поништуваат голови.

Првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин најави дека се очекуваат одредени промени кога станува збор за офсајд позиции и ќе се толерираат одредни ситуации од 10 до 20см.

„Сега ризикуваш да си во офсајд ако имаш долг нос. Дури и линиите ВАР ги повлекува. Нашиот предлог за кој ќе се разговара со судискиот комитет е да се толерираат ситуации кога играчите се во офсајд од 10 до 20 см“, порача Чеферин.