Чеферин негира, но С. Арабија не попушта: Ал Наср ќе игра во ЛШ!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите од Саудиска Арабија објавија дека Ал Наср на Кристијано Роналдо ќе добие специјална покана да игра во Лигата на шампиони (ЛШ), иако претседателот на УЕФА, Александар Чеферин кажа дека такво нешто нема да се случи во европскиот фудбал.

Чеферин кажа дека влез на екипа од друг континент во Лигата на шампиони (ЛШ) е невозможен и нема никогаш да се случи.

С. Арабија, сепак, не се откажува и медиумите пишуваат дека Ал Наср ќе игра во елитното европско натпреварување од сезоната 2024/25.

Доколку се случи такво нешто, тогаш без сомнеж ќе биде голем удар за европскиот фудбал и УЕФА ќе си го погази зборот.