Чеферин откри: Имаме три плана за завршување на сезоната

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин откри дека организацијата има три плана пред себе со цел да се заврш сезоната.

Пандемијата на коронавирусот го запре фудбалот на стариот континент и се уште не е познато кога ќе продолжат натпреварите и дали воопшто сезоните ќе го доживеат својот крај.

„Постојат три плана, но никој не знае кога ќе завшри пандемијата. Прва опција е почеток на сезоната на средина на мај, почеток  или крајот на јуни. Најдобра опција е да ги завршиме првенствата, па дури и да играме на лето без публика. Многу е важно се да тргне најдоцна пред крајот на јуни, инаку сезоната ќе биде изгубена“ –изјави Чеферин.