Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Европската Суперлига никогаш не се оствари, иако голем број гиганти потпишаа дека ќе учествуваат во натпреварувањето на Андреа Ањели.
УЕФА успеа да реагира и да го урне проектот на Ањели, а првиот човек на европскиот фудбал, Александер Чеферин не му остана должен, туку веднаш му одговори.
„Прво создадоа луда идеја сред пандемија, а сега слушаме друга сред војна. Тие живеат во паралелен универзум очигледно“, кажа Чеферин.
Словенецот потоа го критикуваше Ањели, кој имаше идеја да создаде европска Суперлига во која ќе учествуваат голем број гиганти.
„Ањели е диктатор, тоа е човек без срам. Тој делува како Путин, не може ниту војната да го запре во неговите намери“, вели Чеферин.