Предизвик за нутриционист: Која храна е поздрава!? ↓↓↓
На Косово веќе со недели изразуваат незадоволство поради тоа што Албанија се согласи да го организира Европското првенство заедно со Србија. Сега за сето тоа се огласи првиот човек на УЕФА, Александaр Чеферин.
Албанија и Србија се големи ривали на геополитичката сцена и меѓу народите на двете земји владее голема нетрпеливост, особено откако Косово пред 17 години прогласи независност.
Токму затоа за многумина ова решение на Албанија и Србија да го организираат заеднички Европското првенство за играчи до 21 година беше големо изненадување и посебно тежок удар за Косово.
Во Приштина на сето тоа гледаат како на големо предавство од страна на албанскиот Сојуз и на неколку стадиони жестоко беше прозван претседателот на ФС на Албанија, Арманд Дука.
Навивачите го кренаа својот глас и најавија радикални мерки бидејќи, како што наведоа, не сакаат никаква соработка со големиот непријател, особено поради непријатните настани од минатото.
Сега конечно за самата организација на Европското првенство проговори и Александaр Чеферин, а првиот човек на УЕФА рече дека Албанците и Србите изразиле желба заедно да го организираат турнирот.
“Со посебни емоции гледам кон сите народи од поранешна Југославија. Последните децении се случија навистина грди работи, војни…”
“Но целиот западен Балкан е темпирана бомба. Главниот проблем е што европските бирократи и политичари не го разбираат начинот на размислување на балканските луѓе и луѓето од поранешна Југославија.”
“Интересно е што албанските и српските фудбалски сојузи, со поддршка на двете влади, изразија желба заедно да го организираат натпреварувањето, што е уште еден доказ дека спортот е над политиката. “
“Да е спортот нешто добро. Ова е одлична можност да покажеме дека фудбалот е над политиката”, порача Чеферин.
Од Албанија неколку пати порачале дека организацијата на Европското првенство ќе биде само од корист за оваа земја, меѓутоа на Косово не се подготвени да го прифатат тоа.
Сигурно дека за политичката Приштина ќе биде тешко да ги прифати изјавите на Чеферин, но фактот дека Албанија и Србија ќе го организираат Европското првенство за играчи до 21 година ќе мора да го прифатат, сакале или не.
Како потсетување, турнирот ќе се одржи летото 2024 година во по четири града од двете земји. Првото издание е на програмата во Нови Сад, а финалниот натпревар во Тирана.