Чекаше повик од Реал Мадрид, но доби – „корпа“!


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Легендарниот Раул Гонзалес не сака повеќе да чека шанса за да го преземе кормилото на Реал Мадрид и решил да стане тренер на бундеслигашот Унион Берлин.

Унион Берлин остана без тренер, откако го прекина договорот со Фишер по лошите резултати оваа сезона.

Раул го добива првиот посериозен ангажман во Берлин, откако претходно ги водеше младите екипи на Реал Мадрид.

Флорентино Перез никогаш не му даде шанса да го тренира првиот тим, а претседателот на „кралевите“ очигледно не го планира ниту за во иднина затоа што се шпекулира дека ќе го ангажира Чаби Алонсо од Баер Леверкузен.