Челичниот Русин со еден удар го нокаутираше Пулев (Видео)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Рускиот боксер Мурат Гасиев е новиот светски шампион во WBA Регулар тешка категорија. Тој во Дубаи во шестата рунда го нокаутираше бугарскиот боксер Кубрат Пулев. Поранешниот крузер светски шампион по IBF и WBA верзија Мурат Гасиев, од вечерва е WBA Регулар светски шампион во тешка категорија. До појасот дојде со нокаут во шестата рунда против 44-годишниот Бугарин Кубрат Пулев.

32-годишниот Русин ја заврши борбата одлично. Во шестата рунда задава брутален лев кроше и Пулев заврши.

Немаше никакви шанси бугарскиот боксер да ја продолжи борбата. Судецот ја означи крајот и Гасиев стана новиот светски шампион.

.