Челниците на Реал Мадрид рекоа „доста“ на безобразниот Винициус


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Иако еден од најдобрите фудбалери во светот, Винициус Жуниор во моментов важи и за еден од најбезобразните фудбалери на планетава. Сега претера и со раководството на Реал Мадрид, кое реши да му каже дека е доста и да ги прекине преговорите за новиот договор.

Винициус Жуниор има договор со Реал Мадрид до 2027 година, а постојат информации дека би сакале да го видат во своите редови бројни европски великани.

Реал Мадрид неодамна започна преговори со бразилската ѕвезда за продолжување на договорот, но договор сè уште не е постигнат.

Бразилецот не успеа да постигне договор за продолжување на договорот со Реал Мадрид откако побара годишна плата од 30 милиони евра. Со оваа сума би станал најплатен фудбалер во тимот.

Освен плата од 30 милиони евра по сезона, Винициус Жуниор побарал и бонус за потпишување на договорот од Реал Мадрид.

Челниците на клубот од Сантјаго Бернабеу не прифатија ни тоа и ги прекинаа преговорите.

Реал Мадрид верува дека Винициус Жуниор се обидува да ги „уценува“ за да добие повеќе пари.

Шефовите од Бернабеу сметаат дека Винициус Жуниор е повеќе опседнат со парите, поради што минатата сезона неговите перформанси знатно паднале, напоменува beinsports.com.

Реал Мадрид е подготвен да го пушти Винициус Жуниор за 150 милиони евра ако бразилската ѕвезда не ги намали своите барања.

Фото: Grok AI