Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот интернационалец од редовите на Спортинг Лисабон, Стефан Ристовски можеби го одигра последниот натпревар за португалскиот клуб.
Ристовски е суспендиран по црвениот картон кој го доби на последниот натпревар за Спортинг и нема да биде во можност да ги доигра последните два натпревари против Порто, едниот во лигата, другиот во купот.
Челниците на Спортинг биле лути на недисциплината на нашиот фудбалер затоа што ова беше трет црвен картон за него оваа сезона и токму затоа сериозно размислуваат да го продадат ова лето.
На Стефан нема да му биде тешко да најде нов клуб затоа што за него постои интерес од Лацио кој подолг период ги следи неговите настапи.