Челси ја губи најголемата ѕвезда: Палмер се сели во еден од ривалите на „сините“!?


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Кол Палмер, ѕвездата на Челси, наводно копнее по враќање во родниот град и би бил отворен за летниот трансфер во Манчестер Јунајтед, клубот за кој навиваше во детството. Палмер во 2023 година го напушти Манчестер Сити и се пресели во Лондон, каде што стана клучен играч на Челси, но се чини дека не е сосема задоволен од животот во престолнината и со радост би ја прифатил можноста за враќање на северот на Англија.

Откога дојде од Сити пред две и пол години, Палмер постигна 41 гол и додаде 19 асистенции за „Сините”. Затоа англискиот репрезентативец стана практично “недопирлив” во Челси и само исклучително висока понуда би го натерала лондонскиот клуб да размисли за продажба. Според Transfermarkt, Палмер вреди 120 милиони евра.

Сепак, како што пишува „Сан“, 23-годишникот се мачи со носталгија и би ја поздравил можноста да се придружи на Јунајтед. Палмер се бори и со проблематична повреда на препоните, поради која оваа сезона беше ограничен на само 12 лигашки настапи. Тој го пропушти и неделниот меч во кој Челси го победи Кристал Палас.