Челси даде „зелено светло“: Хаверц си заминува од Лондон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот репрезентативец Каи Хаверц од следната сезона најверојатно ќе го носи дресот на Реал Мадрид, откако Челси му дозволи да преговара со шпанскиот гигант.

Англиските медиуми пишуваат дека „кралевите“ водат интензивни преговори со Германецот за да ги договорат личните услови, но исто така ќе мора и да платат 80 милиони евра за неговиот трансфер.

Хаверц сака да го напушти „Стемфорд бриџ“ по кошмарната сезона со премиерлигашот со кој го освои 12. место во лигата и остана без место во европските купови.

Германецот беше дел од тимот кој во 2001 година ја освои Лигата на шампиони по вторпат во историјата, а токму тој го постигна единствениот гол во финалето против Манчестер сити.