Челси до 30 јуни мора да заработи 100 милиони фунти


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси во последните две години потроши многу пари на засилувања, но тоа не донесе добри резултати за тимот, па сега „сините“ се соочуваат со големи загуби и сериозни проблеми.

„Сините“ мора да го испочитуваат финансискиот фер-плеј и да продадат фудбалери во вредност од 100 милиони фунти до 30 јуни со цел да не добијат казна за новата сезона.

Доколку ги прекршат правилата, тогаш Челси ќе се соочи со одземање на бодови, односно идентична ситуација каква што доживеа Евертон.

На листата за отстрел се Ромелу Лукаку, Кепа, Броја, а наводно би можеле да заминат и Мадуеке, Хол и Мадсен, додека се шпекулира и за иднината на Галагер, но тој кажа дека сака да остане во Лондон.