Челси доби дозвола да купува фудбалери во јануари: „Сините“ веднаш трошат 200 милиони евра!?


Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓


Челси ја доби жалбата откако денеска Судот за спортска арбитража им дозволи да купуваат трансфери во јануарскиот преоден рок.

„Сините“ во февруари добија казна од ФИФА за да не може да ангажираат фудбалери во следните два преодни рока, по што Челси се жалеше, но им беше одбиена првата жалба, сепак втората им беше прифатена од страна на Судот.

Клубот од Лондон веќе има листа со желби за јануари, а според англиските медиуми тие би можеле да потрошат повеќе од 200 милиони евра на трансфери.

Челси има проблеми во одбраната, кои сака да ги реши со ангажирање на Чилвел, а исто така интерес покажале и за Џејдон Санчо, Осман Дембеле, но и за Вилфрид Заха, со оглед на тоа дека Оливие Жиру сигурно ќе замине во јануари.