Челси доби понуда од Блискиот Исток која тешко ќе се одбие


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Во поголемиот дел од европските лиги летниот преоден рок заврши, но на Блискиот Исток тој сè уште трае, па се очекуваат уште неколку интересни трансфери до неговото завршување.

Челси ова лето одлучи сериозно да го засили играчкиот кадар за да ги постигне амбициите кои ги имаат за оваа сезона.

На Стамфорд Бриџ ова лето пристигнаа и Алехандро Гарначо, Жоао Педро, Лиам Делап, Џејми Гитенс…

Преодниот рок заврши на Островот што се однесува до доведување играчи, но англиските клубови сè уште имаат право да ги продаваат своите играчи.

Според извори, саудискиот Ал-Кадсиа за Андреј Сантос нуди на Челси вртоглави 68 милиони евра.