Челси добива џин во одбраната целосно бесплатно


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот гигант Челси е еден од заинтересираните тимови за услугите на Тосин Адарабиојо од Фулам, кој има договор до крајот на сезоната.

Челси пред неколку дена потврди дека Тиаго Силва си заминува од екипата, па поради тоа се бара нов фудбалер кој треба да ја „освежи“ одбраната.

„Сините“ се ужасни оваа сезона во одбраната и примија дури 59 голови во Премиерлигата, па поради тоа планираат да го земат џинот од Фулам кој игра одлично оваа сезона.

Со премиерлигашот се поврзуваат и Осман Диоманде од Спортинг Лисабон и Лени Јоро од Лил, но поголеми се шансите да пристигне Адарабиојо поради неговото искуство во Премиерлигата.