Челси донесе нов напаѓач кој чини 30 милиони фунти


Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓


По освојувањето на трофејот во Конференциската лига, англискиот премиерлигаш Челси не губи време и веќе активно работи на зајакнувања за следната сезона. Енцо Мареска, новиот стратег на клубот, има желба да го засили нападот, а управата брзо го склучи договорот за првото големо име.

Според добро познатиот трансфер-експерт Фабрицио Романо, лондонскиот клуб има постигнато целосен договор за трансфер на талентираниот напаѓач Лијам Делап од Ипсвич. Вредноста на трансакцијата е 30 милиони фунти, износ што целосно соодветствува на клаузулата за откуп во неговиот сегашен договор.

Делап привлекуваше внимание на неколку англиски и европски клубови, вклучувајќи ги Манчестер Јунајтед, Евертон, како и клубови од Бундеслигата и Ла Лига.

Фото: Grok AI