Челси е подготвен за размена со Атлетико Мадрид за Феликс


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англискиот гигант Челси планира да го задржи Жоао Феликс, кој во моментов е на позајмица од Атлетико Мадрид.

Премиерлигашот не сака да плати 100 милиони евра, колку што бара Атлетико за неговиот потпис, па ќе се обиде да договори размена со шпанскиот гигант.

Челси му нуди двајца фудбалери на Атлетико, а тоа се Марк Кукуреља и Пјер-Емерик Обамејанг плус мала сума на пари.

Развојот на преговорите го следат Манчестер јунајтед и ПСЖ, кои исто така се заинтересирани за португалскиот репрезентативец.