Челси е во криза: Арсенал покажа кој е главен во Лондон (Видео)


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Арсенал го доби големото дерби против Челси со 1-0 во груб натпревар во кој беа направени голем број прекршоци, а единствениот гол за победа го постигна Габриел во второто полувреме.

Екипата на Грем Потер е во криза и веќе два меча по ред губи во англиската Премиерлига, а не покажа ништо посебно ниту во дуелот против Арсенал.

„Топчиите“ го надиграа градскиот ривал, додека мрежата на Едуард Менди ја затресе Габриел по незгодниот корнер на Бенџамин Сака.

Арсенал останува прв на табелата со 34 бодови, по што следи Манчестер сити со 32, па Тотенхем со 26 и Њукасл со 24 на третото место.