Челси го нуди Вернер плус пари за Халанд?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот напаѓач Тимо Вернер не ги оправда очекувањата по пристигнувањето во Челси, па многумина го поврзуваат со враќање во Бундеслигата.

Челси, наводно, планира да го испрати Вернер во Германија, односно им го нуди на „милионерите“ во замена за Ерлинг Халанд.

Премиерлигашот е еден од главните фаворити за потписот на Халанд и смета дека има понуда со која ќе ги задоволи барањата на Борусија Дортмунд.

„Милионерите“ бараат 150 милиони евра за Халанд, но Норвежанецот во договорот има откупна клаузула според која може да замине за 72 милиони евра.