Челси го објасни дизајнот на новите дресови и ги растажи фановите (ФОТО)


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Челси пред неколку дена официјално ги претстави дресовите за новата сезона, но дизајнот не ги воодушеви фановите. На навивачите не им беше јасно што е мотив за новиот дрес, но сега добија објаснување за тоа.

Англиските медиуми пишуваат дека Челси решил да го урне „Стемфорд Бриџ“, а на тоа место ќе изгради поголем и поубав стадион.

Мотивите на дресовите се делови од стадионот на Челси и наводно така сакаат да покажат почит кон „Стемфорд Бриџ“.

„Сан“ објави дека лондонскиот клуб решил да го урне стадионот и да изгради нов, а очигледно наредната сезона ќе ги играат домашните натпревари на „Вембли“.

Такво нешто претходно направи и Тотенхем, кој пред некој месец го отвори новиот стадион. Очигледно сега истиот пат го чека Челси, а сите се надеваат дека стадионот ќе биде за кратко време изграден.