Челси го плати 65 милиони евра, а Потер го понижи како никој досега! (Фото)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Челси минатото лето вложи многу пари за нови засилувања, но очигледно дел од фудаблерите ги платиле премногу скапо, а тука најмногу се мисли на левиот бек Марк Кукурела.

Шпанскиот фудбалер имаше одлична сезона во дресот на Брајтон и ги воодушеви сите, по што пристигна во Челси, но таму не се прослави.

„Сините“ за услугите на Кукурела платија 65 милиони евра и тој стана најскап лев бек во историјата, а лошиот почеток на сезоната е дополнителен притисок врз него.

Кукурела вчера почна од првата минута против Манчестер јунајтед, а тренерот Граам Потер го остави без зборови кога реши да го извади од игра уште во 36. минута.