Челси го посакува новиот Мбапе


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на Челси се заинтересирани во своите редови да го донесат фудбалерот на Монако кој многумина го посочуваат како „новиот Мбапе“.

„Л’Екип“ пренесува дека клубот од Лондон сака да го ангажира 15 годишниот фудбалер на Монако, Меламин Ефекеле кој е вистинска сензација и воодушевува со своите настапи.

Многумина сметаат дека доколку Ефекеле остане во Монако ќе добие шанса за настап во сениорскиот тим уште следната сезона кога ќе наполни 16 години.

Сепак, тој може да се пресели во Челси кој силно притиска за ангажман на играчот кој може да игра и на леват аи на десната крилна позиција.