Челси го претстави првото засилување за новата сезона


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Англискиот гигант Челси го потврди првото засилување за следната сезона, а тоа е Тосин Адарабијо кој доаѓа како слободен агент откако му заврши договорот со Фулам.

Тосин одби неколку понуди за продолжување на соработката со Фулам, а не сакаше ниту да потпише за Њукасл затоа што имал желба да игра за Челси.

„Челси е голем клуб и ова е исполнување на мојот сон. Роден сум на 5 километри од Стемфорд бриџ и возбуден сум што во иднина ќе играм за оваа екипа. Тука сум да победувам и освојувам трофеи“, кажа Тосин.