Челси и официјално влезе во преговори со Леверкузен по успешниот разговор на Лампард со Хаверц


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Од таборот на Челси и официјално започнале преговори со Баер Леверкузен за евентуален трансфер на Каи Хаверц.

Фудбалерот се поврзува со премин во неколку клубови од Европа, а во моментов прв фаворит за неговиот потпис е токму Челси.

„Скај Германија“ пренесе дека Петр Чех договорил авион за Германија каде ќе оди да се сретне со претставници на Леверкузен за ангажман на играчот кој вчера разговарал со Френк Лампард и дал зелено светло за негов трансфер на „Стемфорд Бриџ“.