Челси има „бомба“ за јануари: Лампард ја пронајде „замената“ за Азар!?


Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓


Челси вчера доби дозвола да купува фудбалери од јануари, откако нивната жалба беше прифатена од страна на Судот за спортска арбитража.

Лондонскиот гигант сигурно ќе ја засилува својата екипа во зимскиот преоден рок, а наводно Франк Лампард ќе добие 150 милиони фунти за трансфери.

Англиските медиуми шпекулираат дека Лампард ќе се фокусира на ангажирање на замена за Еден Азар, кој минатото лето замина во Реал Мадрид, а како најголема желба на стратегот се споменува Осман Дембеле од Барселона.

Французинот никако не може да се прилагоди во Барселона откако за 140 милиони евра стигна од Борусија Дортмунд, па пак се повреди и на терен ќе се врати дури во јануари, но и покрај тоа Челси сака да го купи.

Тие веруваат дека Дембеле ќе биде големо засилување за нивната екипа, а исто така Барселона размислува да го продаде и тоа за 100 милиони евра.