Челси има „чист пат“ за ангажман на проверен голман


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тимот на Челси има чист пат за ангажман на голманот на Ајакс, Андре Онана.

До пред неколку денови се пишуваше дека тимот на Баер Леверкузен е најсериозен  кандидат за ангажман на Онана, но сега „Кикер“ јавува дека клубот се откажал од намерата да го ангажира голманот.

Челси сега останува единствена можна дестинација за голманот кој веќе неколку сезони брани одлично во холандскиот тим.

Освен Онана, на листата Челси има уште двајца голмани кои се потенцијална замена за Кепа Аризабалага а тоа се Дин Хендерсон и Јан Облак, но се верува дека клубот од Лондон тешко ќе стигне до нивниот потпис.