Челси испрати понуда од 40 милиони евра до Атлетико Мадрид


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Англискиот гигант Челси активно бара класичен напаѓач, а веќе на листата со желби има двајца фудбалери.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Челси испратил понуда од 40 милиони евра за Саму Омородион, но веднаш добил „корпа“ од Атлетико Мадрид.

Челси до крајот на преодниот рок сака да купи нов напаѓач, а веќе преговараше со Џон Дуран од Астон вила и се договори, но очигледно младиот напаѓач не е приоритет на газдата Тод Боели.

Трансферот на Дуран може да се случи само ако се договорат и фудбалерите кои се вклучени во размената.