Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од таборот на Челси во текот на денешниот ден ја потврдија веста која повеќето ја знаевме, Мато Ковачиќ ќе остане во клубот на перманентна основа.
Хрватскиот интернационалец потпиша петгодишен договор со клубот од Лондон откако двата клуба се договорија за обесштетувањето.
„Уживав минатата сезона во Челси, се чувствувам комотно во клубот од Лондон и во Премиер лигата. Многу сум среќен што се приклучив на перманентна основа. Имавме успешна година освојувајќи ја Европа Лигата и се надевам дека во следниве сезони ќе придонесам многу повеќе за овој клуб“- истакна Ковачиќ.