Челси ќе ги задоволи апетитите на Тотенхем – нуди неколку ѕвезди и пари за Кејн!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англискиот напаѓач Хари Кејн реши да го напушти Тотенхем на крајот на сезоната. Тој донесе одлука да ја променис редината и неодамна му соопшти на раководството на тимот да го пуштат да замине и да не му прават проблеми.

Сите тимови од врвот на Премиерлигата ја разгледуваат можноста да го ангажираат Кејн, а Челси подготви понуда која Тотенхем тешко ќе може да ја одбие.

„ЕСПН“ објави дека „сините“ се подготвени да ги пуштат Тами Абрахам и Кепа Аризабалага во тимот од Лондон, а трансферот нема да биде толку едноставен затоа што претседателот Даниел Леви ќе бара и пари.

Кејн е голема желба и на Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Реал Мадрид и други тимови, па останува да видиме за кого ќе потпише Англичанецот.

Напаѓачот сезонава одигра 48 меча во сите натпреварувања и постигна 32 голови и 16 асистенции.