Челси ќе го продолжи договорот на еден од најискусните фудбалери


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Од Челси ќе го продолжат договорот на искусниот голман Вили Кабаљеро кој ќе стане слободен агент по крајот на сезоната.

„Дејли Телеграф“ пишува дека лондонскиот клуб ќе ја искористи можноста да ја продолжи соработката со Кабаљеро на уште една дополнителна сезона.

Медиумите во Англија пренесуваат дека Челси во моментов размислува да му понуди едногодишно продолжување на договорот и на Оливие Жиру, додека Вилијан и Педро речиси сигурно ќе си одат од клубот штом сезоната заврши.