Челси ќе плати над 75 милиони фунти за нов плејмејкер!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англискиот гигант Челси сака да го засили средниот ред на екипата, а на листата со желби се наоѓа Мојсе Каиседо од Брајтон кој ќе ги чини над 75 милиони фунти.

„Сините“ се заинтересирани за Каиседо, кој во минатото соработуваше со тренерот Грем Потер кој добро го познава и сака да го има во екипата.

Челси во моментов се соочува со сериозни проблеми во средината на теренот затоа што се повредени Канте, Закарија и Лофтус-Чик, додека Жоржињо не игра на врвно ниво.

На листата со желби на Челси се наоѓаше и Енцо Фернандез, меѓутоа Бенфика не попушти и сакаше 120 милиони евра за неговиот трансфер.

До крајот на преодниот рок има помалку од две недели, а Челси ќе се обиде да комплетира уште некое засилување.