Челси ќе си ангажира Германец, Лампард може да ги пакува куферите!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Челси сезонава ги разочара сите со нивните настапи во Премиерлигата, па тимот од Лондон е далеку од титулата и покрај скапите засилувања.

Англиските медиуми пишуваат дека Франк Лампард наскоро ќе ја загуби работата, а управата размислува за ново тренерско име.

Челси сака германски тренер, кој ќе може да ги искористи Тимо Вернер и Каи Хаверц на најдобар начин, а „Билд“ пишува дека тоа ќе биде Јулијан Нагелсман, кој успешно го предводи Лајпциг.

Покрај Нагелсман, на листата на „сините“ се наоѓа и Томас Тухел, кој неодамна доби отказ од ПСЖ и во моментов е без ангажман.