Челси ќе тргне по ѕвезда на Милан која чини 40 милиони евра!?

Новинарот Алфредо Педула објави дека Челси планира да испрати понуда од 40 милиони евра за фудбалерот на Милан, Исмаел Бенасер во јануари.

Бенасер игра за „росонерите“ од 2019 година, а неговиот договор трае до 2024 година, но сепак тој би можел да замине од екипата уште во јануари.

Овој 25-годишен фудбалер може да игра повеќе улоги во средината на теренот, а досега има одлична статистика во Серија А, односно има по 2,3 добиени дуели по меч, како и точност на додавања од 82 отсто.

Челси засега не ја реши иднината на Н’Голо Канте и Жоржињо, кои имаат договори до крајот на сезоната, а тренерот Грем Потер не е премногу задоволен од Рубен Лофтус-Чик и Конор Галагер, па затоа си најде алтернативно решение.