Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот англиски и европски шампион Челси постигна договор со Брајтон за трансфер на Моисес Каиседо и ќе постави нов британски рекорд.
Двете екипи водеа преговори со недели, а на крајот се договорија Челси да плати 115 милиони фунти за трансферот на Каиседо, кој ќе потпише договор до 2031 година, со опција да ја продолжи на уште една година.
Брајтон ќе добие 115 милиони фунти од трансферот, но и процент од следната продажба на еквадорскиот репрезентативец.
Ливерпул претходно се договори со Брајтон за да го купи Каиседо, но фудбалерот одби да потпише за „црвените“.