Челси конечно победи, Арсенал дури во 97. минута погоди за триумф (Видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поранешниот англиски и европски шампион Челси славеше со 1-0 против Лидс, додека лидерот Арсенал по голема драма со 3-2 победи против Бормут.

Челси конечно ја прекина црната серија во Премиерлигата, а единствениот гол за победа го постигна Весли Фофана по корнер во 53. минута.

Бормут водеше со 2-0 против Арсенал, а посебно впечатлив беше првиот гол кој го постигна по девет секунди преку Билинг, додека Сенеси зголеми на 2-0.

Парти ги врати „топчиите“ во живот во 62. минута, по што Вајт погоди за 2-2, а конечните 3-2 ги постави Нелсон.