Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако ги ангажираа Хаким Зијех од Ајакс и Тимо Вернер од Лајпциг, Челси повторно сака да купува засилување од Германија.
Челси го сака неверојатниот млад фудбалер на Баер Леверкузен, Каи Хаверц, чија цена изнесува 100 милиони евра.
Сепак, во Леверкузен се подготвени да го пуштат еден од најбараните фудбалери во Европа во моментов, ако пристигна таква понуда.
Хаверц во свои редови го посакуваат и Барселона, Баерн Минхен, Реал Мадрид, но и фудбалерот кажа дека сака да игра во Премиерлигата.
Така Челси ќе направат уште еден голем трансфер и ќе создадат млад и талентиран состав за следните неколку години, со кој ќе се обидат да освојат многу трофеи.