Челси мисли на иднината: „Сините“ во битка за три талентирани фудбалери


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Премиерлигашот Челси ќе доживее реконструкција откако Тод Боели го презема клубот од рускиот милијардер Роман Абрамович.

Гигантот од Лондон бара нови таленти, а познатиот новинар Фабрицио Романо објави дека „сините“ се во битка за три големи таленти.

Романо објави дека Челси е заинтересиран за Ендрик, Ромео Лавиа и Арсен Закаријан, кои се на листата со желби и на останати гиганти.

„За Ендрик, Челси се бори со Реал Мадрид и ПСЖ, но сè уште е рано да се реши. Лавиа беше желба на Челси и минатото лето, но засега нема контакти со него од август. Закаријан останува на листата со желби и тимот работи на негов ангажман“, објави Романо.