Челси може да остане без многу фудбалери поради „аматерски“ потег на Боели!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Американскиот милијардер Тод Боели потроши повеќе од 600 милиони евра на засилувања, но при потпишување на договорите направил „аматерски“ грешки.

Боели потпишал повеќегодишни договори за да избегне прекршување на Финансискиот фер-плеј, но во останати делови од договорите потпишале дека ќе им биде намалена платата за 25 отсто на ѕвездите ако Челси не избори пласман во Лига на шампиони (ЛШ) до крај на сезоната.

Со оглед на тоа дека тимот од Лондон е далеку од позициите кои водат во ЛШ, тоа може да предизвика незадоволство и заминување на дел од фудбалерите по само неколку месеци.

„Сините“ се оддалечени 11 бодови од топ-4 и мора да ја подобрат формата ако сакаат да се пласираат во ЛШ.