Челси му донесе конкуренција на Санчез од Ла Лига


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Англискиот гигант Челси ангажира уште едно засилување пред почетокот на новата сезона, а тоа е Филип Јоргенсен.

Голманот доаѓа од редовите на Вилјареал, иако неодамна потпиша нов договор, а премиерлигашот за неговите услуги ќе плати 24,5 милиони евра.

Швеѓанецот ќе му биде конкуренција на Роберт Санчез за местото меѓу стативите, а тоа најверојатно значи дека Ѓорѓе Петровиќ заминува од „Стемфорд бриџ“.