Челси му плаќа на Јунајтед за да се ослободи од Санчо?!


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Челси не сака да го откупи Џејдон Санчо, но во тој случај ќе мора да плати на Манчестер јунајтед.

Како што открија англиските медиуми, Челси и Јунајтед ова лето склопија договор според кој лондонскиот клуб има обврска да го откупи Санчо во летото 2025 година за 25 милиони фунти, односно околу 30 милиони евра.

Сепак, доколку Челси се откаже од откупот, тогаш мора да плати на Јунајтед за прекршената клаузула и тоа во износ од пет милиони фунти (шест милиони евра). 

Санчо не импресионираше откако пристигна на „Стемфорд Бриџ“, оствари шест асистенции на 29 натпревари, а вториот од своите два гола го даде уште на 8 декември против Тотенхем.