Челси на бизарен начин ќе загуби – 40 милиони евра!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот фудбалер на Челси, Калум Хадсон Одои е голема желба на Баерн Минхен, а исто така англискиот репрезентативец не сака да гради кариера во Лондон.

Меѓутоа, Баерн не се откажува и се обидува да го ангажира 18-годишниот фудбалер, иако Челси не го пушта Англичанецот.

Ова е неверојатен потег на лондонскиот клуб бидејќи Одои има договор до 2020 година и кога ќе му заврши договорот, ќе може да си замине од тимот и тоа бесплатно.

Тоа значи дека Челси ќе има голема загуба. Во моментов на него можат да заработат 40 милиони евра, но очигледно „сините“ се подготвени на загуба.

Хадсон-Одои не играше премногу сезонава кај Маурицио Сари, па шанса добиваше на помалку важни натпревари и во 19 одиграни дуели успеа да постигне пет голови и да запише четири асистенции.