Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Челси, Томас Тухел се мачи на левата страна на екипата по тешката повреда на Бен Чилвел, а Маркос Алонсо не ги задоволува потребите.
Англиските медиуми пишуваат дека актуелниот европски шампион би можел да се засили со Иван Перишиќ и така да ги реши главоболките на Тухел.
Перишиќ има договор со Интер до крајот на сезоната и нема намера да го продолжи, а од 1 јануари има право да преговара со останатите клубови.
Исто така, се шпекулира дека Интер е подготвен да разговара за продажба на Хрватот поради тоа што може да заработи пари од Перишиќ само уште во овој преоден рок.
Перишиќ сезонава е еден од најстандардните фудбалери на Интер, па одигра 25 натпревари во сите натпреварувања и постигна четири гола и две асистенции.