Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Англискиот гигант Челси почна да работи на трансфери кои треба да се реализираат следното лето, па откако ќе потпише официјално со Кристофер Нкунку од Лајпциг, лондонскиот тим ќе тргне по Јошко Гвардиол и најголемата ѕвезда на Милан, Рафаел Леао.
„Кориере дела Сера“ објави дека Челси и летово бил заинтересиран за португалскиот фудбалер, но Милан не сакаше да го продаде, но сепак тоа би можело да се промени следното лето.
Леао беше прогласен за најкорисен фудбалер во Серија А за минатата сезона во која „росонерите“ се закитија со Скудетото.
Португалецот има договор со Челси до 2024 година и неговиот трансфер најверојатно ќе чини околу 100 милиони евра, кои не треба да бидат проблем за премиерлигашот бидејќи има богат газда.