Челси не се предава: Тухел сака да го урне рекордот на Мегваер


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Хари Мегваер е најскап дефанзивец во историјата, но тоа наскоро би можело да се промени затоа што Челси планира до крајот на летово да ја засили одбраната.

Мегваер пристигна во Јунајтед за 87 милиони евра, а тоа не беше најдобар потег на „ѓаволите“ бидејќи Англичанецот не ги оправда очекувањата.

Челси планира да го урне рекордот на Мегваер со понуда за Весли Фофана, која ќе биде вредна 95 милиони евра.

Клубот на Томас Тухел веќе испрати две понуди, кои беа одбиени од Лестер, но сепак третата понуда која ја подготвува новиот газда на тимот најверојатно ќе биде прифатена.

Фофана од 2020 година е во Англија, каде што стигна до Сент Етјен, а веќе ги договорил личните услови со Челси.