Челси нема да чека како Манчестер Јунајтед, му нуди одлични услови на голманот на „ѓаволите“


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер се наоѓа на слатки маки при изборот на голман за следната сезона.

Од една страна го има Давид Де Геа, кој рака на срце оваа сезона бележи доста слаби настапи, додека пак од друга страна шанса ќе чека Дин Хендерсон кој брани одлично во дресот на Шефилд Јунајтед.

Хендерсон најави дека сака да биде прв избор каде и да игра, па токму затоа се појавија шпекулации дека следната сезона тој можеби нема да биде во Манчестер Јунајтед.

Повеќето помислија дека Хендерсон ќе остане во Шефилд уште една сезона како позајмен фудбалер, додека пак „Сан“ тврди нешто друго.

Имено, Челси ќе подготви 50 милиони фунти за услугите на голманот кој сака да го донесе во своите редови за следната сезона.

Лампард ќе се обиде да го продаде Кепа Аризабалага и со парите да го доведе голманот на „ѓаволите“. Сепак, се верува дека Солскјер нема да дозволи ваква продажба затоа што верува дека Хендерсон е иднината на Манчестер Јунајтед.