ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Челси направи една од најдобрите трансфер пазарни акции во последниот период и покажуваат вистински шампионски амбиции, а сега имаат нацелено уште едно капитално засилување и тоа за последната линија. Ова лето, лондонските Сини беа исклучително активни на пазарот на трансфери и сериозно го засилија својот играчки кадар за следната сезона.
Во Челси ова лето меѓу другите веќе пристигнаа Џејми Гитенс, Жоао Педро, Лијам Делап, а многу блиску до Стамфорд Бриџ е и Хави Симонс.
Лондонскиот клуб ги договори условите со Холанѓанецот и 22-годишниот е многу блиску до официјално потпишување за Челси.
Како што стојат работите, Симонс нема да биде единствениот Холанѓанец кој Челси ќе го доведе во своите редови во овој трансфер период.
Најпознатиот спортски новинар во светот – Фабрицио Романо сега објави вистинска „бомба“ и нов трансфер за Сините.
Челси е заинтересиран за услугите на холандскиот „чудо-дете“ Јорел Хате кој доаѓа од екипата на Ајакс.
Фото: Принтскрин