Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Челзи извојува спектакуларна победа на гостувањето кај градскиот ривал Тотенхем, триумфирајќи со 4:3 по драматичен пресврт. Натпреварот започна лошо за „Сините“, кои се најдоа во негатива од два гола во првите 11 минути, но тимот под водство на италијанскиот стратег Енцо Мареска покажа карактер и се избори за неверојатен пресврт.
Мечот не можеше да почне полошо за Челзи. Шпанскиот дефанзивец Марк Кукурела, поради проблеми со копачките, двапати се лизна и им подари шанси на „Спарите“. Во петтата минута, Џонсон ја пресече топката по неговата грешка и асистираше до Доминик Соланке, кој ја затресе мрежата за 1:0. Веќе во 11. минута, ново лизгање на Кукурела му овозможи на Поро да асистира до Дејан Кулушевски, кој ја дуплираше предноста на Тотенхем.
По овие инциденти, Кукурела ги замени копачките, а „Сините“ брзо се вратија во игра. Во 17. минута, токму Шпанецот асистираше до Џејдон Санчо, кој го намали резултатот на 2:1. До крајот на полувремето, Кол Палмер го израмни резултатот на 2:2 со сигурна реализација од белата точка, по направен пенал од страна на Бисума.
Во вториот дел, Челзи го зацврсти својот напад. Енцо Фернандез, кој блескаше на средината на теренот, во 74. минута постигна прекрасен гол за 3:2, носејќи му водство на својот тим. Десет минути подоцна, нов пенал, овој пат по фаул на Сар, повторно го искористи Кол Палмер, зголемувајќи ја предноста на 4:2. Тотенхем се обиде да се врати во натпреварот и во 97. минута капитенот Сон Хјун-Мин постигна утешен гол за конечни 4:3.