Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вчера беше тежок дена за европскиот шампион Челси, откако Велика Британија воведе санкции кон рускиот бизнисмен Роман Абрамович, а тие ќе важат и за премиерлигашот.
Чеси изгуби важни спонзори и не може да прави трансфери, ниту да потпишува нови договори, а освен тоа „сините“ не може да продаваат ниту влезници за своите домашни дуели.
Сè ова се случува поради руската инвазија во Украина, а иако Абрамович реши да го продаде Челси, сепак тоа не може да се случи затоа што Владата на В. Британија му го „замрзна“ имотот.
Доколку нема никакви драстични промени, тогаш составот на Челси ќе доживее промени, односно сигурно ќе си заминат Антонио Рудигер, Цезар Аспиликуета и Андреас Кристенсен.
Среќа во несреќа за премиерлигашот е тоа што има многу фудбалери на позајмици, кои може да се вратат, како што се Конор Галагер, Били Гилмор и Арманд Броха.