Челси носи засилување од Реал Мадрид за 60 милиони евра!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Челси во следниот преоден рок планира да се засили со дефанзивецот на Реал Мадрид, Едер Милитао. Лондонскиот гигант бара нови засилувања затоа што во јуни ќе остане без Антонио Рудигер, Андреас Кристенсен и Цезар Аспиликуета, кои имаат уште шест месеци од договорите.

Шпанските медиуми пишуваат дека тренерот Томас Тухел разговарал со управата на Челси и побарал да биде ангажирал бразилскиот дефанзивец.

„Челси ќе го контактира Реал за да му ја исполни желбата на Тухел. Милитао има една од најниските плати во Мадрид, па тоа ќе се обиде да го искористи гигантот од Лондон“, пишуваат медиумите.

Милитао пристигна во Реал во 2019 година од Порто за 50 милиони евра, а на почетокот беше резерва, по што се проби во првиот тим и стана еден од најважните играчи на „кралскиот клуб“.