Челси нуди двајца фудбалери плус пари за ѕвезда на Милан


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Милан во јануари очекува богата понуда од Челси и Манчестер сити за Рафаел Леао, кој стана желба на англиските гиганти по одличните настапи под водство на тренерот Стефано Пиоли.

Леао оваа сезона постигна шест гола и девет асистенции досега за „росонерите“, па тоа е дополнителна причина зошто Челси сака да тргне по неговиот потпис во јануари.

Челси веќе некое време е заинтересиран за португалскиот фудбалер, а наводно за неговите услуги е подготвен да понуди пари плус двајца фудбалери, а тоа се Армандо Броја и Хаким Зијех.

Интерес покажа и Манчестер сити, но Леао има договор со Милан до 2024 година, па тешко ќе го убедат да ги напушти „росонерите“, освен ако не стигне некоја ептен примамлива понуда.